Достапни линкови

Филипини - тропска бура однесе повеќе од 20 животи


Најмалку 24 луѓе загинале во тропската бура Сон Тин на Филипините. Официјалните лица велат дека околу половина од жртвите загинале од лизгање на земјиштето и од давење, додека другите биле потрупани од урнатини или загинале од струен удар. Повеќе од 15 илјади луѓе се засолнети во владините центри за евакуација. Најмалку шест луѓе и натаму се водат за исчезнати. Илјадници луѓе останаа заглавени на пристаништата и аеродромите поради бурата која ги зафати Филипините на почетокот на неделата.
XS
SM
MD
LG