Достапни линкови

ДПА го поништи договорот со СДСМ, на локалните избори одат самостојно


Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи .18 јули 2012.

Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи .18 јули 2012.

Демократската партија на Албанците на локалните избори ќе оди самостојно. На синоќешната седница во партиското седиште во Тетово, Централното претседателство на ДПА одлучило да се поништи техничкиот договор што го имале со СДСМ за соработка на претстојните локални избори, поврдија денеска од партијата.

Според претседателот на ДПА Мендух Тачи до поништувањето на договорот со СДСМ доаѓа поради нивниот несериозен однос со проблематизирањето на подршката на СДСМ за кандидатот на ДПА за Струга.

„Техничкиот договор беше многу точен и конкретен. Тие се обврзаа да ги поддржат кандидатите на ДПА во општините каде Албанците се мнозинство, а ние се обврзавме да ги подржиме нивните кандидати во општините со мнозинско македонско население. Нивните вчерашни изјави дека тие би сакале да разговараат за сите општини во Македонија вклучително и за Кичево ги сметам за тотално несериозни. Ако би бил несериозен како нив би ги прашал дали се сложуваат за Штип или Струмица кандидатот да го има ДПА. Оваа работа е дефинитивна и веќе нема да има ни разговори ни преговори“, изјави Тачи.

Лидерот на ДПА најави дека нема да коалицираат ни со партиите на Руфи Османи и Имер Селмани.
На синоќешната седница централното претседателство на ДПА го избра актуелниот пратеник и секретар за организирање Беким Фазлиу како шеф на изборниот штаб на партијата за претстојните локални избори.
XS
SM
MD
LG