Достапни линкови

logo-print

Груевски и Николиќ се заложија за добрососедски односи


Помеѓу Македонија и Србија постојат добри билатерални односи, кои треба понатаму да се надградуваат и динамизираат, било заклучено на синоќешната средба на премиерот Никола Груевски со претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Тие разговарале и за соработката во областа на културата, образованието и останатите општествени дејности, соопштија од Кабинетот на премиерот.
На средбата било потенцирано дека двете земји ќе продолжат да работат на зголемување на економската соработка, засилување на трговската размена и поддршка на инфраструктурните проекти кои се од интерес за двете земји.
XS
SM
MD
LG