Достапни линкови

Јани Макрадули кандидат за градоначалник на Скопје


Според ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски го избрал Јани Макрадули за кандидат за градоначалник на Скопје, бидејки знае дека ќе загуби.

Опозицискиот Сојуз за иднината денеска ги претстави кандидатите за градоначалници за Скопје и за скопските општини на претстојните локални избори.

Актуелниот пратеник од СДСМ Јани Макрадули е изборот на Сојузот во трката за градоначалничка функција на главниот град. Лидерот на ЛДП Андреј Жерновски е кандидат за градоначалник на Општина Центар. За општина Аеродром опозицискиот блок ќе го кандидира Диме Велковски, за Бутел Коста Начевски, за општина Гази Баба Борче Стефановски од ВМРО – НП, а во Ѓорче Петров Александар Наумовски. Во Карпош, довербата повторно ќе ја бара досегашниот градоначалник на таа општина Стевче Јакимовски. Во Кисела Вода, пак, кандидат за градоначалник е избран Љупчо Васовски.

Јани Макрадули, на прес-конференција придружуван од другите кандидати, изнесе оценки за состојбите во главниот град и вети активности кои ќе бидат од корист за функционалните потреби на граѓаните.
Власта, рече Макрадули, го обезличил Скопје, го уништи неговиот дух и прави обиди за негово претворање во вмровски град. Еколошки, наведе, Скопје се претвори во најзагадениот град во Европа и можеби единствената метропола без гас како евтин и еколошки енергенс.
- Уште денес се обврзуваме, дека ќе ја напуштиме кич идеологијата на споменици и трупањето барок на секоја фасада или зграда, а ќе се посветиме на функционалните потреби на граѓаните. Тоа не значи дека ќе бидеме деструктивно настроени кон она што е веќе изградено, туку единствено значи дека ќе го ставиме граѓанинот на прво место, рече Макрадули.
Ние знаеме и сме свесни, тие споменици се изградени со парите на граѓаните. Оние споменици коишто не се започнати, а за коишто се предвидени средства и оние непродуктивни објекти коишто се предвидени, а не се започнати, ќе ги стопираме и парите ќе ги пренасочиме за секојдневните потреби на граѓаните. Маџир Маало, коешто се наоѓа на помалку од еден километар од плоштадот, нема фекална канализација. Кога граѓаните од Маџир Маало излегуваат од дома, гледаат врби од 250.000 евра што пропаѓаат, а тие се водат дека живеат во општина Центар.

„Дел од тие објекти ќе ги пренамениме. Мислам дека е многу покорисно педесетина млади луѓе да најдат свое работно место во некој од нив, отколку таму да висат восочни фигури на луѓе што ја делеле Македонија и работеле против интересите на Македонија. Но, сепак, бидејќи граѓанинот нам ни е во фокусот и во центарот на вниманието, граѓаните, заедно со тимот којшто ќе го има секој градоначалник и со експертите коишто ќе бидат ангажирани и ќе помогнат, ќе одлучат како ќе дојдеме до похуман простор за граѓаните на Скопје", рече Макрадули.

Иако, денеска беа претставени сите кандидати за градоначалници од `Сојузот за иднина`, сепак не беа презентирани кандидати за општините Сарај и Чаир, што покрена прашање дали тоа значи дека го почитуваат договорот со ДПА?

„За оние општини коишто ги напоменавте, а немаме кандидати, ќе бидат поддржани или кандидати од други партии, или ќе предложиме ние наши кандидати. Во овој момент, тоа го оставаме за после митингот во Скопје", рече Макрадули.

Тој информира и дека била одржана средба за кандидат за градоначалник на Струга, но сите информации, ќе следат по митингот во Скопје
Главните начела на програмите за работа на кандидатите Сојузот на иднинатата ќе ги промовира на најевениот митинг в недела во Скопје.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ - Макрадули е избор на Црвенковски за пораз

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на прес-конференцијата на Опозицискиот Сојуз за иднината оценува дека кандидатите за градоначалници на Скопје не се избрани по демократска процедура затоа што изборот е направен по пат на пазар.
- Секому е јасно дека Јани Макрадули е изборот на Бранко Црвенковски не за победа, туку за пораз на наредните избори. Ниту најблиските соработници на Бранко Црвенковски не веруваат дека е возможна политичка победа и затоа тиe избегаа од можноста да се кандидираат за градоначалници, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ забележува дека меѓу кандидатите за градоначалници ги нема Андреј Петров, Гордан Горгиев, Горан Минчев, Радмила Шекеринска и Ана Павловска Данева затоа што и тие се свесни дека СДСМ ќе ги загуби локалните избори.
- Жално е што Јани Макрадули уште во првиот ден како кандидат за градоначалник, започна агресивно, со навреди и манипулации. Ние нема да дозволиме таква дебата и немаме намера да влегуваме во таков недоличен начин на комуникација. За нас приоритет ни се проектите кои се од интерес на граѓаните, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG