Достапни линкови

Амбасадата на САД во Скопје - розова


Амбасадата на САД во Скопје, денеска и деновите од викендот ќе биде осветлена во розова боја во рамки на одбележувањето на месец октовмри како месец на подигање на свеста за влијанието на ракот на дојка врз сите засегнати жени и семејства во светот.
Од Амбасадата упатија и повик до сите кои сакаат да и се придружат на акцијата „Да носиме розово“.
- Учествувајте облечени во нешто розово, за да покажете дека ги поддржувате сите кои страдале од оваа болест, како и тековните испитувања околу третманот, превентивата и лековите.
Само во САД, околу 3 милиони жени и мажи живеат или се справуваат со болеста, а повеќе од 39.000 жени умираат секоја година како резултат на оваа болест. Во Македонија на околу 750 жени годишно им се дијагностицира рак на дојката.
XS
SM
MD
LG