Достапни линкови

Огромна ќе биде загубата ако бидат вратени визите


Луксембург, Од состанокот на министрите за внатрешни и за правда на ЕУ

Луксембург, Од состанокот на министрите за внатрешни и за правда на ЕУ

Не е вистина дека само граѓани од ромската заедница се спречуваат да ја минат границата, туку без исклучок сите оние за кои полицијата се сомнева дека сакаат да ја напуштат Македонија и да добијат статус азиланти. Огромна би била загубата за сите граѓани доколку визниот режим биде вратен.
Ова го истакна заменик-министерот за внатрешни работи Џељал Бајрами одговарајќи на пратеничкото прашање на Самка Ибраимовски. Бајрами истакна дека поголемиот дел од оние кои бараат азил се граѓани од ромската заедница и со ниско образование. Владата презема низа активности за спречување на оваа појава.
XS
SM
MD
LG