Достапни линкови

logo-print

Груевски: Наскоро ќе одговориме на меморандумот на Грција


Владата наскоро ќе одговори на меморандумот за соработка кој на почетокот на месецов го доби од Грција и содржината ќе биде јавна како што бил и предлогот од официјална Атина, рече премиерот Никола Груевски одоварајќи му на пратеникот Андреј Петров од СДСМ на собраниската седница за пратенички прашања.
„Тој одговор ќе биде во склад со нашите досегашни ставови и позиции по ова прашање, ќе биде конзистентен, нема да биде променлив како вашите ставови“,рече Груевски.
Петров смета дека изјаснувањето треба да биде побрзо зашто со неодговарањето на меморандумот од една страничка, како што рече, се создава недоумица дека Владата се колеба да ги прифати грчките црвени линии. Тој побара и одговор што подразбира иницијативата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за добивање датум за преговори со ЕУ во декември и решавање на прашањето за името во рана фаза од пристапните преговори.
XS
SM
MD
LG