Достапни линкови

Николиќ: Спорот меѓу МПЦ и СПЦ не е нерешлив


Не гледам нерешлив спор меѓу Македонската и Српската православна црква, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ по денешната средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во Скопје.
Македонскиот претседател посочи дека како претседатели треба да помогнат да се воспостави дијалог и да почне комуникацијата меѓу свештените лица и црквите.
На новинарско прашање за спорот меѓу Грција и Македонија, Николиќ одговори дека и Грција и Македонија и се пријателски држави на Србија и дека како што е загрижен за Србија да стане членка на ЕУ, така е загрижен и за Македонија.
- Ја гледам гордоста на Македонија која инсистира на името, но и гордоста на Грција која исто така инсистира за името и сметам дека треба да се разговара затоа што без разговор ништо не може да се реши, рече Николиќ.
XS
SM
MD
LG