Достапни линкови

logo-print

Обвинителството тврди дела има цврсти докази во случајот „Монструм“


По однос на кривичниот предмет за петкратното убиство во атарот на село Смиљковци, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека по завршената истрага, оцени оти има доволно цврсти докази кои ќе бидат изнесени пред надлежниот суд, а со кои ќе се докаже дека обвинетите навистина ги превземале дејствијата опишани во Обвинителниот акт, кои ги исполнуваат битните елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар.
Меѓународните стандарди во областа на заштитата на сведоци и жртви, а кои стандарди се прифатени и се дел од Законот за заштита на сведоци кој се применува во Република Македонија, како и одредбите во Законот за кривична постапка, обезбедуваат инструменти преку коишто се заштитува идентитетот на заштитените сведоци и нивните семејства, се подвлекува во соопштението и се потенцира дека каква било шпекулација изнесена во јавноста по однос на заштитени сведоци остава простор за разоткривање на нивниот идентитет со што може да се загрози нивниот живот и животот на нивните најблиски. Тоа, се посочува, е во спротивност со потребата пред судот во законита постапка да се утврди материјалната вистина со што се причинува директна штета на сите учесници во кривичната постапка.
XS
SM
MD
LG