Достапни линкови

Русија нема да посредува во дијалогот Белград - Приштина


Русија нема намера да биде посредник во преговорите меѓу Приштина и Белград, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич.
- „Во Москва го поздравуваме самиот дијалог. Од секогаш сме сметале дека кое било решение за тој конфликт ќе биде функционално и одржливо само под услов да биде постигант договор меѓу Белград и Приштина“, рече Лукашевич.
Сппоред него, Москва останува на позицијата дека решението на косовското прашање треба да биде врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG