Достапни линкови

logo-print

В понеделник одлука за штрајкот на лекарите


Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје. 24 септември 2012.

Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје. 24 септември 2012.

Извесен е штрајкот во Клинички центар најавен за средината на ноември, вели претседателот на самостојниот синдикат на Кличнички центар, доктор Дејан Ставриќ. Министерот за здравство Никола Тодоров и натаму се воздржува од изјави поврзани со преговорите со цел, како што вели, да не му наштети на целиот процес.

Нема напредок во преговорите меѓу синдикатот на Клинички центар и министерот за здравство што го прави штрајкот на здравствените работници во оваа установа најавен за средината на ноември извесен, ни изјави претседателот на самостојниот синдикат на Кличнички центар, доктор Дејан Ставриќ.
Прво никогаш не сум забранил штрајк и не сум имал намера да забранам штрајк, само барав начин како да се заштитат лекарите од една незаконска одлука, која можеше да има сериозни реперкусии по голем број доктори.

Министерот за здравство Никола Тодоров и натаму се воздржува од изјави поврзани со преговорите со цел, како што вели, да не му наштети на целиот процес, но според изјавите, остануваат непроменети неговите ставови во врска со воведувањето на плаќањето по учинок.
Министерот за здрсвтсво Никола Тодоров во посета на битолската болница.

Министерот за здрсвтсво Никола Тодоров во посета на битолската болница.


„Веројатно денеска од оваа перспектива, овој проект можеби изгледа тежок, неприфатлив или проект којшто креира незадоволство кај лекарите. Сигурен сум дека овој проект после една или две години, од таа перспектива, ќе биде проект кој ќе биде гледан како проект кој овозможил сериозен натпревар меѓу лекарите, овозможил сериозно раздвижување на работите, побрза и поквалитетна услуга за пациентите.“
Каков сака нека е проектот во овој момент, ние бараме да биде проект по успешност, бараме да биде над основната плата. Значи да биде во насока на наградување, стимулативен проект, бидејќи во овие услови кога и онака личниот доход на лекарите е низок, да се отвара можност за намалување на основната плата, за нас е неприфатливо.

Во интервју за Радио Слободна Европа, кое во целост ќе го емитуваме в недела, тој вели дека неговата намера при претходниот обид на лекарите од клинички да влезат во штрајк не била да го забрани тоа.

„Прво никогаш не сум забранил штрајк и не сум имал намера да забранам штрајк, само барав начин како да се заштитат лекарите од една незаконска одлука, која можеше да има сериозни реперкусии по голем број доктори.“

Истовремено, гранковиот синдикат за здравство при Сојузот на синдикати се надева на приближување на ставовите со министерот и очекува конечна разврска на состанокот закажан за в понеделник. Претседателот на овој синдикат Љубиша Каранфиловски, вели дека во моментов се одвива купување на време од страна на министерот за здравство кое пак ја зголемува неизвесноста и нервозата кај лекарите.

„Каков сака нека е проектот во овој момент, ние бараме да биде проект по успешност, бараме да биде над основната плата. Значи да биде во насока на наградување, стимулативен проект, бидејќи во овие услови кога и онака личниот доход на лекарите е низок, да се отвара можност за намалување на основната плата, за нас е неприфатливо.“

Веднаш потоа исходот ќе мора да биде пренесен и пред советот на гранковиот синдикат кога и ќе се донесе конечната одлука, вели Каранфиловски. Овој синдикат освен за плаќањето по учинок со министерот за здравство преговара и за сразмерностра на коефициентите според кои се платени здравствените работници со различно образование.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG