Достапни линкови

Обама гласаше на претседателските избори во САД


Американскиот претседател Барак Обама денеска го даде својот глас на претседателските избори во САД, што ќе се одржат на 6-ти ноември. Обама гласаше во Чикаго и е првиот претседател кој предвреме го оствари своето право, а со него гласаше и неговата сопруга Мишел Обама. Инаку, и Обама и неговиот против кандидат Мит Ромни ги повикаа американците да гласаат и пред денот на изборите во сите држави каде што тоа е дозволено.Се проценува дека веќе гласале над 7 милиони граѓани. Според испитувањата на јавното мислење, засега Обама и Ромни имаат еднакви шанси за победа.
XS
SM
MD
LG