Достапни линкови

logo-print

Николиќ подготвен на компромис за Косово


Средба на српскиот претседател Томислав Николиќ и британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг во Белград.

Средба на српскиот претседател Томислав Николиќ и британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг во Белград.

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека е подготвен на компромис за Косово, но оти ќе го очекува истото од албанската страна. Тој ова го изјави по средбата со британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг во Белград.

Британскиот дипломат претходно беше во посета на Приштина каде што се сретна со косовскиот премиер Хашим Тачи, како дел од напорите на ЕУ за подобрување на односите меѓу Србија и Косово. Во Приштина, Хејг рече дека Косово не може да се подели по етничка линија за да се реши спорот за територии.

„Картата во југоисточна Европа е завршена“, рече тој.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ во минатото велеше дека северот на Косово каде што Србите се мнозинство треба да се спои со Србија, за Белград да ја признае независноста на Косово, но косовските политичари, вклучувајќи го и Тачи, ја отфрлија таа идеја.
XS
SM
MD
LG