Достапни линкови

САД загрижени од иранските хакери


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека само неколку земји во светот се способни да извршат таков вид сајбер напад, како што беше извршен летоска врз Армако, државната нафтена компанија на Саудиска Арабија. Панета изјави дека многу софистицираниот напад е „еден од првите што сме ги виделе што може да ги уништи компјутерите“.

Неименуван американски разузнавач за новинските агенции изјави дека се верува оти Иран стои зад нападот од 15 август што онеспособи повеќе од 30 илјади компјутери.

Сепак, прашан дали има докази дека Иран стои зад нападот, Панета рече дека не сака да дискутира за класифицирани информации, но посочи дека нападот „предизвикува огромна загриженост“ за потенцијални слични напади врз американската електрична мрежа и финансискиот систем.
XS
SM
MD
LG