Достапни линкови

Примирје во Сирија за Курбан Бајрам


Примирјето меѓу сириските владини сили и бунтовниците стапи на сила. Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими вели дека со четиридневното примирје за Курбан Бајрам може да започне крајот на 19-месечниот конфликт во кој закинаа десетици илјади луѓе. Сириската армија најави дека ќе го почитува прекинот на огнот, но оти го задржува правото да одговори на секој напад или прегрупирање на бунтовниците. Бунтовничката Слободна сириска армија исто така вети дека ќе го почитува примирјето, но побара ослободување на заробеници.
XS
SM
MD
LG