Достапни линкови

Партиите на Нетанјаху и на Либерман со заеднички листи на изборите


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Политичките партии на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху Ликуд и Израел Беитеину(Израел е наш дом) на неговиот главен коалициски партнер, министерот за надворешни работи Авигдор Либерман ќе настапат со заеднички листи на парламентарните избори што треба да се одржат на 22 јануари. Нетанјаху ова го соопшти вчера на прес-конференција. Влијателниот член на партијата Ликуд, министерот за животна средина Гилад Ердан за израелските медиуми изјавил дека спојувањето ќе биде „навистина јасно дефиниран националистички и десничарски кампус“.
XS
SM
MD
LG