Достапни линкови

logo-print

Мајкрософт го промовираше Виндоус 8 и новиот таблет компјутер Сурфејс


Софтверскиот гигант Мајкрософт го промовираше оперативниот систем Виндоус 8 и новиот таблет компјутер Сурфејс. Промоцијата се одржа во Њујорк пред околу 1000 претставници на медиумите и бизнисот. Со таблет компјутерот Сурфејс, Мајкрософт сака да му конкурира на ајпадот на Епл. Виндоус 8 е најголемата промена во корисничкиот интерфејс на Мајкрософт од излегувањето на Виндоус 95.
XS
SM
MD
LG