Достапни линкови

Временска прогноза - Сончево со слаб до умерен ветер


Macedonia - Autumn in the City Park in Skopje, 23Nov2011

Macedonia - Autumn in the City Park in Skopje, 23Nov2011

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од југозападен и западен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има извесно зголемување на облачноста. Има и појава на слаба утринска магла по одделни котлини. Утринската температура се движи од нула до 10, а дневната од 19 до 26 степени. Во Скопје, слично време со температура до 23 степени.

За време на викендов и во почетокот на наредната недела, под влијание на серија влажни воздушни бранови од југ, ќе преовладува облачно и ветровито време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни. Локално ќе има појава на грмежи, а ќе дува и умерен, а во сабота и силен јужен ветер.
XS
SM
MD
LG