Достапни линкови

Жестоки битки во Алепо


Се водат жестоки битки во Алепо, а сириските бунтовници тврдат дека заземале два дела од градот еден ден пред да стапи во сила привеменото примирје кое треба да настапи за време на муслиманскиот празник. Активисти во Алепо соопштија деkа се водат тешки битки околу воениот аеродром. Ако се потврдат продирањата на бунтовниците тоа ќе означи промена во ќор-сокакот во кој навлегоа двете страни во изминативе два месеца. Сириската влада треба до крајот да денот да соопшти дали го прифаќа во целост привременото примирје за време муслиманскиот празник Еид ал Адха.
XS
SM
MD
LG