Достапни линкови

Денешната тема за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е Скопје 2014


Опозициската СДСМ денеска упати критики до власта дека троши многу пари за проектот Скопје 2014, потенцирајќи го износот на финансиите што се исплаќаат на скулпторката Валентина Стефановска за делата од проектот. Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави дека скулпторката за својот ангажман за зградата на МНР која го чинела Буџетот 13,5 милиони евра, добила два милиона евра.
Георгиев ја критикуваше власта и за планот за менување на ликот на зградата на Владата.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција вели дека Георгиев веќе две години по ред говори или за проектот Скопје 2014 или подбуцнува меѓуетнички тензии. Во продожение е навдено дека очигледната болка СДСМ е фактот што се повеќе членови на СДСМ се приклучуваат на граѓаните и туристите, кои се сликаат пред спомениците и објектите на Скопје 2014, додавајќи дека за нив тоа е доказ оти тој проект го прифаќаат граѓаните.
XS
SM
MD
LG