Достапни линкови

Романската валута може да изгуби една петтина од својата вредност


Меѓународниот монетарен фонд смета дека романската национална валута леја, може да загуби до една петтина од својата вредност, поради зависноста на романската економија на економијата на земјите од еврозоната.
Во извештајот на ММФ се посочува дека ако кризата во Европа се продлабочи, романската леја може да изгуби 15 до 20 проценти од вредноста, што негативно ќе влијае на банките во земјата.
Околу 40 проценти од романскиот извоз е во земји како Германија, Италија и Франција, додека романскиот банкарски систем е контролиран првенствено од банки од еврозоната, се наведува во извештајот.
XS
SM
MD
LG