Достапни линкови

logo-print

Клинтон и Ештон се загрижени за Украина


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон во заедничата изјава објавена во весникот „Хералд Трибјут“ изразија загриженост за политичките трендови во Украина во пресрет на изборите.
Причини за нивната загриженост се извештаите за злоупотреба на админситартивните ресурси од страна на владечката партија, проблемите со медиумите и селективната правда во случајот со поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Изборите кои ќе се оддржат во недела се први откако претседателот Виктор Јанукович ја победи Тимошенко на претседателските во 2010 година. Минатата година таа беше осудена на 7 години казна затвор поради злоупотреба на службена должност.
XS
SM
MD
LG