Достапни линкови

Деца купени во Македонија и Косово се препродаваат во Европа


Француска полиција

Француска полиција

Француската полиција разби мрежа на трговија со луѓе, при што се уапсени седум лица кои се осомничени дека купувале деца од семејства во Македонија и Косово за илјада евра,а потоа ги препродавале во Европа за 10 илјади евра, јавува новинската агенција МИА. Во акцијата беше вклучена и германската полиција, а за осомничените е наведено потекнуваат од една балканска земја.
Против уапсените се очекува да биде подигнато обвинение за „организирана трговија со луѓе“, за што е предвидена и можна казна од 20 години затвор и три милиони евра парична казна.
XS
SM
MD
LG