Достапни линкови

logo-print

Руската војска ќе добие нови авиони МИГ - 35


Шефот на компанијата која ги произведува воените авиони МИГ Сергеј Коротков денеска најави дека руското воздухопловство да ги добие новите МИГ – 35 воени авиони во 2014. Тој додаде дека конечниот договор со руското министерство за одбрана ќе биде потпишан денеска. Неговите коментари следуваат откако вчера претседателот на рускиот собраниска комисија за одбрана Владимир Комоедов изјави дека Русија ќе потроши околу 3,2 милијарди долари за воени потреби до 2015 година. Рускиот претседател Владимир Путин во неговата претседателска кампања најави дека Русија ќе потроши 770 милијари долари во следните 10 години за обнова на оружјето и воената механизација.
XS
SM
MD
LG