Достапни линкови

logo-print

Ерменија и Азербејџан се обидуваат да ги подобрат односите


Нагорно Карабах

Нагорно Карабах

Ерменскиот и азербејџанскиот министер за надворешни работи денеска ќе се сретнат во Франција да разговараат за проблематичниот регион Нагорно Карабах.
Во соопштението од азербејџанското министертво е наведено дека медијатор при средбата меѓу двајцата министри ќе бидат ко-претседавачи на ОБСЕ Минск групата. Министрите последен пат се сретнаа во Париз во јуни. Односите меѓу двете држави се влошија откако азербејџанскиот претседател помилува војник кој беше осуден на доживотна казна затвор за убиство на ерменски војник. Ерменија и Азербејџан над две децении се во конфликт околу Нагорно Карабах каде што од 1994 година се одржува кршливо примирје.
XS
SM
MD
LG