Достапни линкови

Вооружена престрелка во Авганистан, 30 луѓе загинаа


Авганистанските власти соопштија дека при вооружена престрелка вчера загинале 25 талибански милитанти и 5 полицајци. Во соопштението е наведено дека Талибанците го окупирале пазарот во провинцијата Фарјаб и два часа го држеле под контрола. При нападот загинале и двајца цивили. Во продолжение е наведено дека нападот го спровеле „брутални непријатели на Авганистан.“
XS
SM
MD
LG