Достапни линкови

Јанкуловска: Радикален чекор е да се укине визната либерализација


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска изјави дека институциите во земјава прават максимални напори за да се справат со зголемениот број на нелегални и лажни азиланти. Таа додаде дека прашањето за механизми на контролирање на зголемените азилантски бранови е легитимно прашање за кое треба да разговарат земјите-членки на ЕУ но би било погрешно доколку се донесе одлука со која како радикален чекор би им се одземала визната либарализација на земјите кои што неодамна ја добија.
Советот за внатрешни работи и правда на Европската унија денеска во Луксембург расправа за воведувањето на т.н. „заштитна клаузула“ со кој ЕУ унија во иднина ќе може привремено да го укине безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.
XS
SM
MD
LG