Достапни линкови

Пензискиот систем за во пензија


Состојбата во пензискиот систем кај нас се влошува веќе неколку години наназад. Потребни се долгорочни мерки и прецизирање на методите по кои тие мерки би се спровеле, велат експертите.

Неодржливоста на пензискиот систем е генерална тенденција и во светски рамки, но потребни се долгорочни мерки и прецизирање на методите по кои тие мерки би се спровеле, велат експертите, откако министерот за труд и социјална политика предупреди дека во моментов состојбата е дојдена до таму што само 1,7 лица работат за еден пензионер, за разлика од пред 20 години кога 4-5 лица работеа за потребите на еден пензионер.
Сметам дека некои мерки кои се носеа за зголемување на пензии надвор од законските рамки, потоа кога ги намалија социјалните придонеси кога се носеше законот со кој ги обединија во еден закон и тоа имаше свое влијание за да оваа слика биде позагрижувачка.

„Сметам дека некои мерки кои се носеа за зголемување на пензии надвор од законските рамки, потоа кога ги намалија социјалните придонеси кога се носеше законот со кој ги обединија во еден закон и тоа имаше свое влијание за да оваа слика биде позагрижувачка“, вели Зорица Апостоловска, поранешен директор на МАПАС.
Средба на претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Средба на претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.


Состојбата во пензискиот систем и кај нас се влошува веќе неколку години наназад, велат експертите. На долг рок голем дел од земјите одат на зголемување на старосната граница. Тоа е добра алтернатива, вели професор Милева Ѓуровска, но секоја држава треба да ги искомбинира мерките врз основа на сеопфатната состојба во земјата.

„Како традицијата, културата на населението, образованието, религијата, сето тоа влегува во тие мерки со кои државите ќе ги градат тие политики.“

Важен е методот по кој ќе се спроведат мерките, потенцира Апостолова, Тие методи треба да ги направат промените подносливи и одржливи на подолг рок.

„Се доведува во опасност исплатата не само на редовната пензија, туку издржливоста на долг рок на самиот систем, дали ќе го издржи исплаќањето на пензиите за идните генерации, секако дека во вакви консталации се доведува во прашање.“

Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски предупреди на опасностра по пензискиот систем и неговата неодржливост поткрепувајќи ја ваквата слика со демографската слика во земјава и апелирајќи дека еден од можните излези е подобрувањето на наталитетот во државата.
XS
SM
MD
LG