Достапни линкови

Ќе има ли фајде од „работното лето“ на опозицијата?


Гласачите се тие кои ќе одлучат дали и колку критиките на опозицијата кон власта биле слушнати и прифатени како конструктивни, но и како обид на спротивната политичка опција да ги промени состојбите.

Ефектите од „работното лето“ на опозицијата ќе се видат на следните избори. Гласачите се тие кои ќе одлучат дали и колку критиките на опозицијата кон власта биле слушнати и прифатени како конструктивни, но и како обид на спротивната политичка опција да ги промени состојбите. Во пресрет на завршниот митинг на опозицијата во главниот град, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, вели дека една од задачите на опозицијата е да врши постојан притисок врз власта со цел таа да биде поодговорна.
Медиумскиот простор не им е толку широко отворен за да може да дознаеме за сите делови за кои се тие заинтересирани, така да мислам дека тие би биле дел од ефектите.

„Дел од пораките се кон власта, но со приближувањето кон изборите дел од пораките е кон избирачите, значи им се укажува на избирачите на работи кои власта не ги спровела. Ефектот ќе се види на денот на изборите, колку тие пораки поминале и биле прифатени кај гласачите“, вели Муслиу.
Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција на 23 октомври 2012 година.

Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција на 23 октомври 2012 година.


Анализирајќи го однесувањето и дејствувањето на опозицијата, политикологот Соња Стојадиновиќ смета дека митинзите се само празна и веќе видена тактика преку која се пребројува потенцијалното гласачко тело.

Никогаш кај нас власта не ја слушала опозицијата. Првата грешка е во власта што сите биле само заљубени до тој степен што никогаш не ги слушнале ни добронамерните критики од опозицијата. А ни опозицијата не била доволни ниту кадарна, ниту пак креативна за да даде некои полесно реализирачки идеи да доборото на народот, не само за доброто на партијата, за да може власта да ги примени.
„За мене тоа е чисто пребројување на гласачкото тело, да видиме колку колку нови луѓе влегле во партијата. Истото се кажало насекаде и во другите градови, истото ќе биде кажано и во Скопје и ќе се пука со ќорци.“

Во недостиг на поголем простор во медиумите каде ќе ги презентираат своите активности и проекти на кои работат, опозициските партии мораат да бараат начин да се доближат до граѓаните, вели Муслиу. Митинзите и неформалните средби со граѓаните се еден од тие начини.

„Медиумскиот простор не им е толку широко отворен за да може да дознаеме за сите делови за кои се тие заинтересирани, така да мислам дека тие би биле дел од ефектите.“

Според Стојадиновиќ, митинзите кои опозицијата ги одржа во текот на летото, не даваат конкретни резултати. На нив не можете да слушнете ниту конструктивен предлог за тоа како да се реши одреден проблем, ниту идеја, ниту конкретно решение. Наспроти тоа одекнуваат веќе познатите фрази и критики кон власта, кои пак од друга страна таа не сака да ги слушне.

„Никогаш кај нас власта не ја слушала опозицијата. Првата грешка е во власта што сите биле само заљубени до тој степен што никогаш не ги слушнале ни добронамерните критики од опозицијата. А ни опозицијата не била доволни ниту кадарна, ниту пак креативна за да даде некои полесно реализирачки идеи да доборото на народот, не само за доброто на партијата, за да може власта да ги примени.“

Протестниот митинг на опозицијата во Скопје е закажан за 28 октомври, на кој ќе бидат промовирани опозициските кандидати за градоначалници на главниот град и на општините во негов состав. Митингот што опозицијата предводена од СДСМ планира да го одржи на плоштадот „Македонија“ е најавен пред околу шест месеци, како финале на „работното лето“.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG