Достапни линкови

Во Авганистан убиени двајца британски војници


Британското министерство за одбрана денеска соопшти дека двајца војници им подлегнале на повредите здобиени во вчерашниот напад врз нивната патрола во авганистанската провинција Хелманд. Во соопштението не се наведуваат детали за нападот. Асошиетед прес потсетува дека од почетокот на војната во 2001 година, досега во Авганистан загинале 435 британски војници.
XS
SM
MD
LG