Достапни линкови

Попоски на средби со министрите од Вишеградската група


Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на покана од министерот за надворешни работи на Полска Радослав Шикорски денеска во Варшава ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на Вишеградската група, Западниот Балкан, Бугарија, Грција и Романија.
Вишеградската група В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на земјите од Западен, а тоа се потврдува и со одржувањето на редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан, на кои учествува и комесарот за проширување на Европската комисија, се наведува во соопштението на МНР.
На маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да има одделни билатерални средби со колегите од Полска, Чешка, Словачка и Унгарија.
XS
SM
MD
LG