Достапни линкови

Безвизниот режим -тема на состанокот на Совет за внатрешни работи на ЕУ


Советот за внатрешни работи и правда на Европската унија нема да носи заклучоци во врска со воведување на заштитна клаузула за привремено укинување на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан на состанокот кој денеска и утре ќе се одржи во Луксембург. Како што јавува МИА ова е потврдено на неформалниот брифинг во Европскиот совет, додавајќи дека само ќе се дискутира за проблемот кој писмено го побараа шест министри за внатрешни работи на Холандија, Германија, Австрија, Франција, Луксембург и Белгија во врска со зголемениот број на лажни баратели на азил од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Од кипарското претседателство посочиле дека со Европската комисија се работи на изгледот на механизмот кој ќе дава можност за привремено блокирање или укинување на безвизниот режим за некои земји. Сепак, тие потврдиле дека крајната цел е да се изврши притисок врз земјите да престане напливот на емигранти, а не да се укине безвизниот режим.
XS
SM
MD
LG