Достапни линкови

ОН: Повик за четири дневно примирје


Советот за безбедност на Обединетите Нации ги повика сириската влада и бунтовничките групи да го прифатат предлогот за четири-дневно примирје. Мировниот пратеник на ОН и Арапската лига Лакдар Брахими предложи двете страни да го положат оружјето за време на исламскиот празник Еид ал-Адха, која започнува утре. Членките на Советот за безбедност се остро поделени околу прашањето за Сирија, но во вчерашната изјава усвоена едногласно 5-члениот Совет ги повика сите страни да работат кон "одржлив прекин на сето насилство".
Сириската влада се уште не објави дали го прифаќа план за примирје, а најмалку една бунтовничка група го отфрли.
XS
SM
MD
LG