Достапни линкови

logo-print

Грузискиот парламент ќе го гласа новиот премиер


Парламентот на Грузија се очекува денеска да гласа и да го потврди Бидзина Иванишвили за премиер на новата влада. Одобрението на владата е речиси сигурно, бидејќи на изборите на 1 октомври, опозицискиот блок го освои мнозинството од 85 места во 150-члениот парламент.
Милјардерот Иванишвили вчера изјави дека планира да ја напушти политиката за само 18 месеци и да стане член на граѓанското општество. Иванишвили вети дека ќе ја продолжи прозападната политика на претседател Михаил Саакашвили околу надворешните работи, вклучувајќи ги евроатланските аспирации. Но, тој исто така вети дека ќе ги подобри односите со соседна Русија, која водеше кратка војна со Грузија во 2008 година околу сепаратистичката територија Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG