Достапни линкови

Бугарија ќе одржи референдум за нова нуклеарка


Бугарија ќе распише референдум за изградба на втора нуклеарна централа во земјата, одлучи денеска бугарскиот парламент, осум месеци откако Владата во Софија го раскина договорот со една руска компанија за изградба на нуклеарката „Белене“. Бугарските гласачи ќе одговараат на прашањето: „Треба ли Бугарија да развива нуклеарна енергија по пат на изградба на нова нуклеарка?“.
Референдумот ќе се одржи во текот на следните три месеци, а за датумот ќе одлучи шефот на државата Росен Плевнелиев.
Тоа ќе биде прв референдум во Бугарија од крајот на комунизмот во оваа земја пред две децении, а го иницираше социјалистичката опозиција по одлуката на десничарската Влада во март оваа година да го раскине договорот со руската државна компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на втора бугарска нуклеарка, со моќност од 2.000 мегавати, во местото Белене на реката Дунав.
Едно неодамнешно истражување покажа дека 38 отсто од бугарските гласачи ја поддржуваат изградбата на нуклеарната централа „Белене“, 28 проценти се против, додека останатите се неодлучни.
XS
SM
MD
LG