Достапни линкови

ЕК со предлог за помош на сиромашните


Европската комисија денеска предложи основање на фонд за помош за сиромашните граѓани во Европа. Фондот би располагал со 2,5 милијарди евра до 2020 година а предлогот е ставен во буџетскиот план за период 2014-2020 година.
Во европскиот парламент е во тек расправа за предлог- буџетот за предлогот на ЕК потребен е консензус. Со предлогот е предвидено обезбедување помош во храна и основни средства за живот за милиони луѓе кои живеат на работ на егзистенцијата во ЕУ. Претседателот на ЕК Жозе Мануел Бародо изјави денеска дека во ЕУ се потребни нови механизми за справување со сиромаштијата.
XS
SM
MD
LG