Достапни линкови

Мило Ѓукановиќ може да се кандидира за претседател


Лидерот на црногорската Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека се подготвува да заземе една од највисоките функции во државата, но партијата е таа што ќе реши дали тој ќе биде премиер или ќе се кандидира за претседател.
На крајот на 2010 година Ѓукановиќ поднесе оставка од премиерската функција, објавувајќи дека ќе учествува во политиката само како партиски лидер. Сега, меѓутоа, тој изјави дека во последните две години многу нешта се промениле и неговото ангажирање во предизборната кампања разбудило „определени очекувања“.
XS
SM
MD
LG