Достапни линкови

Норвешка ја поддржува Македонија во евроатлантските интеграции


Средба на министерите за одбрана на Македонија и Норвешка Ан-Грете Стром Ериксен и Фатмир Бесими, Скопје, Македонија

Средба на министерите за одбрана на Македонија и Норвешка Ан-Грете Стром Ериксен и Фатмир Бесими, Скопје, Македонија

Норвешка ќе продолжи да ги поддржува амбициите на Македонија за членство во НАТО и жалам што Алијансата се уште не е во можност да ви упати покана изјави истакна норвешката министерка за одбрана Ан-Грете Стром Ериксен на заедничката прес-конфренција во Скопје со македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими. Таа изрази надеж дека ќе се најде решение за името што е можно поскоро. Двајцата министри оценија дека Норвешка претставува значаен партнер на Македонија во евроатланската интеграција и оти двете земји имаат исклучителна соработка во повеќе сегменти од одбраната.
XS
SM
MD
LG