Достапни линкови

Грција вели има договор но ЕУ демантира


Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека Атина доби двегодини продолжување на договорот за исполнување на условите за меѓународна помош , но се соопшти повеќе детали за тоа. Но откако изјавата на министерот беше објавена со реакција се јави портпаролот на еврокомесарот за економски прашања Оли Рен, Симон О’ Конор кој изјави дека таков договор се уште не е постигнат. Европските претставници од еврозоната го чекаат извештајот од меѓународните инспектори пред да донесат одлука.
Клучен фактор во програмата за спас на Грција од должничката криза чија вредност изнесува 240 милијарди евра е дека еконосмките реформи во земјата за ќе бидат спроведени до крајот на 2014, рок за кој Атина смета дека е премногу краток.
XS
SM
MD
LG