Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа, во чие време било полошо


СДСМ денеска оцени дека последниот случај во кој претседателот на еден од синдикатите во „Македонски железници“ доби отказ е потврда дека власта не трпи критика и го задушува секој јавно искажан став. Потпретседателот на партијата Гордан Георгиев обвини дека власта со оваа, како што рече, репресивна политика, ја води државата во рангот на недемократски држави.
Во писмената реакција на ВМРО ДПМНЕ е наведено дека во време на СДСМ луѓето кои мислеа поинаку беа тепани а како пример за тоа се наведени инциденти во Ѓорче Петров, Тетово и Гоствар, тепање на земјоделци во Куклиш,и неколку убиства по кои осомничените биле пуштени на слобода.
Во продолжение е наведено дека тоа што 15 години СДСМ го правела со државата, сега Бранко Црвенковски го спроведува во партијата, па така сите кои мислат поинаку се тргаат на страна и се дистанцираат.
XS
SM
MD
LG