Достапни линкови

logo-print

Каменуван центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата во Старата Чаршија


Новоотворениот центар за поддршка на ЛГБТ популацијата во Старата Чаршија, неколку часа по отварањето бил каменуван. Центарот вчера е отворен со подршка од Хелсиншкиот комитет и Холандската амбасада во Скопје. Директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска изјави дека по ова нема да се откажат од намерата да им дават подршка на маргинализираните групи како хомосексуслаците и трансродовите поединци и покрај нападот и претходните закани кои ги добиле пред отварањето на центарот, јавува Канал 5 телевизија.
XS
SM
MD
LG