Достапни линкови

Хејг: Меѓународната заедница го губи трпението со политичарите во БиХ


Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг при денешната посета на Босна и Херцеговина изјави дека меѓународната заедница „го губи трпението“ поради постојаните внатрешни превирања во земјата. Toj додаде дека британската влада ја поддржува БиХ во нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО но мора да истакне дека тоа е можно само единствена и суверена држава. Претседавачот на Советот на министри Вјекослав Беванда по средбата изјави дека денеска политичарите во земјата добиле уште едно предупредување да станат посериозни оти меѓународната заедница го губи трепението и дека од лидерите на БиХ се очекува што е можно поскоро да ја „деблокираат политичката сцена“.
XS
SM
MD
LG