Достапни линкови

Јахјага е подготвена да се сретне со Николиќ во Будва


Косовскaта претседателка Атифете Јахјага изрази подготвеност да се сретне со нејзиниот српски колега Томислав Николиќ за време на Самитот на претседатели на земјите од регионот, кој треба да се одржи во Будва. Српските претставници досега, поради учеството на претседателот на Косово ги бојкотираа средбите на највисоко ниво. Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ изјави дека Црна Гора до крајот на годината ќе биде домаќин на Самитот на претседателите на Црна Гора, Македнија, Албанија и Косово, a поканeт ќе биде и српскиот претседател Томислав Николиќ.
XS
SM
MD
LG