Достапни линкови

Иванишвили ќе се повлече од политиката


Новиот грузиски премиер Бидзина Иванишвили денеска најави дека планира целосно да ја напушти политиката за 18 месеци. Тој во својот говор пред пратенците рече дека, откако ќе ја напушти функцијата, ќе стане активен член на граѓанското општество.

Иванишвили како лидер на коалицискиот блок „Грузиски сон“ победи на парламентарните избори на 1 октомври. Тој пред да гласа на изборите, тој изјави дека нема повеќе политички амбиции. Грузискиот парламент на 25 октомври ќе го верификува мандатот на владата.
XS
SM
MD
LG