Достапни линкови

Договорено привремено примирје во Сирија


Специјалниот претставник на Обединетите Нации и Арапската лига Лакдар Брахими денеска во Каиро изјави дека сириската влада и дел од бунтовничките групи прелиминарно се согласија за 4 дневен прекин на огнот по повод муслиманскиот празник. Тој додаде дека сириската влада ќе објави наскоро соопштение за целосно прифаќање на предлогот. Брахими истакна дека голем дел од другите бунтовнички фракции исто така се согласиле за привремено примирје, но тој не прецизираше со кои лидери од бунтовничките групи контактирал. Празникот Еид ал Адха од денеска ќе се празнува во следниве 4 дена. Пред најавата на Брахими сириски воени авиони нападнаа бунтовнички области во северозападниот дел на Сирија.
XS
SM
MD
LG