Достапни линкови

Макаров: сириските бунтовници имаат мобилни ракетни системи


Шефот на рускиот генералштаб изјави дека сириските бунтовници користат мобилни системи за воздушна одбрана, произведени во повеќе земји, меѓу кои, и во Соединетите Држави.
Генерал Николај Макаров изјави дека бунтовниците имат американски стингери земја – воздух кои можат да бидат истрелани од само еден војник.
Макаров не го објави изворот на информации, но изјави дека американците негирале дека ги снабдувале бунтовниците. Во последниве месеци сириските бунтовници урнаа неколку владини авиони и хеликоптери.
XS
SM
MD
LG