Достапни линкови

Норвешката министерка за одбрана во посета на Македонија


Министерот за одбрана на Кралството Норвешка, Ан-Грете Стром-Ериксен од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Република Македонија, по покана на министерот за одбрана, Фатмир Бесими.
На средбата министрите Бесими и Стрим-Ериксен, како што најави Министерството за одбрана, ќе разговараат за билатералната соработка во областа на одбраната, во чии рамки е и донацијата на лесно-маневарската полска болница ROLE-2, која официјално ќе биде предадена за време на медицинската вежба „Безбедна патека-2012“.
Кралството Норвешка е континуиран поддржувач на реформите на одбраната во Република Македонија, а воедно е донатор во неколку клучни проекти како што се:прераснувањето на Регионалниот тренинг центар за комуникации во Центар за обука на Партнерството за мир, поддршка на Воено-медицинскиот центар и проектот за ресоцијализација на воен персонал „Лепеза“.
XS
SM
MD
LG