Достапни линкови

Недоразбирања во грчката влада за барањата на „тројката“


Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Две партии во владејачката коалиција во Грција се противставија на новите реформи кои од Атина ги бара меѓународната „тројка“ кредитори, со што го блокираа договорот за пакетот мерки за штедење со цел да се добие кредитот за спречување банкрот на земјата. Лидерите на Демократската левица и на социјалистичкиот ПАСОК одбија да го сменат својот став по уште една рунда преговори со премиерот Андонис Самарас. Двете партии и претходно инсистираа дека нема да ги прифатат контроверзните планови за воведување дополнителни намалувања на платите.
Владата на Самарас повеќе месеци паралелно преговара со шефовите на владејачките партии и со челниците на меѓународните кредитори - ЕК, ЕЦБ и ММФ околу пакетот мерки за штедење во износ од 11,5 милијарди евра.
Пакетот мора прво да биде ратификуван во Парламентот за да може Грција да ја добие следната транша од финансиската помош и да се спаси од банкрот.
XS
SM
MD
LG