Достапни линкови

Нападите врз мигранти во Грција на алармантно ниво


Мрежа од повеќе од 20 групи за заштита на човековите права, меѓу кои и Агенцијата за бегалци на ОН, соопштија дека расно-мотивираните напади врз мигранти и бегалци во Грција се зголемени до алармантно ниво. Групата наведува дека во периодот од јануари до септември се регистрирани 87 расистички напади, но оти бројот е најверојатно поголем, затоа што многу од жртвите се плашат да пријават во полиција.
Аналитичарите сметаат дека економските проблеми во земјата оптоварена со долгови придонесоа за растење на бројот на одмазднички и екстремно-десничарски банди.
XS
SM
MD
LG