Достапни линкови

Протести во Шпанија поради мерките за штедење


Илјадници Шпанци протестираа синоќа во близина на парламентот во Мадрид против острите мерки за штедење. Во меѓувреме, пратениците расправаат за предлог буџетот за 2013 година, кој предвидува антикризни мерки со кои би се заштедиле 39 милијарди евра, вклучувајќи кратење на платите и зголемување на даноците. Протестантите сметаат дека мерките се креирани за зголемување на мизеријата на обичните луѓе, додека политичарите, банкарите и шпекулантите ќе минат неказнети.
Се очекува буџетот да мине во парламентот, бидејќи конзервативците на премиерот Маријано Рахој го имаат мнозинството.
XS
SM
MD
LG